
Турскиот гигант Галатасарај не престанува да изненадува на трансфер пазарот и испрати понуда до Марк-Андре тер Штеген, известува каталонскиот весник „Спорт“. Турците му понудија договор вреден 5 милиони евра по сезона за да го донесат во својот тим.
Голманот ја одби оваа понуда, бидејќи е решен да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за своето место.
Вчера Тер Штеген имаше средба со тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко, кои му објаснија дека најдобро за него е да си замине од клубот, бидејќи новото засилување Жоан Гарсија ќе биде прв голман во следната сезона, а Вojчех Шчешни ќе му биде резерва. Се претпоставува дека Тер Штеген можеби нема ни да биде во составот на тимот, освен ако некој од првите два голмани сериозно се повреди.
Пред неколку дена се појавија информации дека германскиот голман е разочаран од односот на клубот и нема да замине до зимата. Ако ситуацијата не се промени, тој ќе побара трансфер во јануари за да може да игра пред претстојното Светско првенство што следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Ова е уште една потврда за големите амбиции на Галатасарај, кои веќе го донесоа Лерој Сане од Баерн Минхен, а сега преговараат за Виктор Осимен од Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца
