Connect with us

Галатасарај не престанува да шокира, блиску е и до голманот Едерсон

Галатасарај и Манчестер Сити се во интензивни преговори околу можен трансфер на бразилскиот голман Едерсон, пренесуваат медиуми од Англија, Турција и Франција. Според информациите на францускиот весник „Л’Екип“, турскиот гигант првично испратил понуда од само 3 милиони фунти – сума која речиси сигурно ќе биде одбиена – но разговорите меѓу двете страни продолжуваат.


Едерсон минатото лето беше подготвен да го напушти „Етихад“, беше блиску до трансфер во Саудиска Арабија, но тогаш Пеп Гвардиола успеа да го убеди да остане уште една сезона.

Голманот е дел од Манчестер Сити веќе осум години и со клубот ги има освоено сите можни титули. Во меѓувреме, Галатасарај активно бара нов чувар на мрежата по заминувањето на долгогодишниот капитен Фернандо Муслера.


Раководството на клубот од Истанбул неколкупати покажа дека е подготвено да инвестира сериозни средства за да состави конкурентен тим, не само за турската Суперлига, туку и за настапите во Европа.

Галатасарај веќе го доведе Лирој Сане од Баерн Минхен, а наскоро се очекува да ја финализира и сензационалната аквизиција на Виктор Осимен, за кого би платиле околу 75 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови