Connect with us

Фудбалерот на Аталанта сепак доби дрес од Роналдо… од неговите соиграчи (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо можеби одби да му го даде својот дрес, но соиграчите на Робин Госенс од Аталанта се погрижија тој сепак да добие дрес од Португалецот. Откако играше против “бјанконерите”, германскиот бек го замолил Роналдо за неговиот дрес.

“По последниот свиреж, отидов кај него и го прашав: ‘Кристијано, може ли да го добијам твојот дрес?’ Тој дури и не ме погледна, само рече: ‘Не’. Бев целосно поцрвенет и засрамен”, откри Госенс во својата автобиографија.

Сепак, на фудбалерот му се оствари сонот. За да го расположат, неговите соиграчи решиле да му подарат дрес од португалскиот напаѓач.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови