Connect with us

Фудбалерките убедливо поразени и од Австрија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз (0-6) во квалификациите за СП. Селекцијата на Кирил Изов не беше конкурентна ниту на дуелот против Австрија на арената „Тодор Проески“ откако претходно загуби со 8-0 против Англија во Саутемптон.

Мари Тереза Хебингер во 12.минута го отвори резултатот на вечерашниот меч и го најави триумфот на Австрија. До крајот на првото полувреме погодија и Никол Била од пенал во 20.минута, а Верена Хоншоу.

Во второто полувреме Австријките уште трипати ја тресеа мрежата на Македонија. Никол Била комплетираше хет – трик во 67. и во 71.минута, а Верена Хоншоу погоди во 65.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови