Македонската женска репрезентација до 19 години убедливо славеше против врсничките од Грузија во натпреварот од првото коло од квалификацискиот турнир, рунда 1, група Б5, за Европско првенство на УЕФА за жени.
Нашата селекција ја победи Грузија со 3-0. Емили Митковска во 32. минута го постигна водечкиот гол за Македонија. По пет минути игра во второто полувреме, Меланија Грозданова ја удвои предноста за нашата репрезентација, а Калина Попески во 82. минута го постигна конечниот резултат. Фудбалерките на Кирил Изов упатија дури 13 удари кон противничкиот гол.
Македонија до 19 години: 1. Комненова, 4. Крстева, 5. C. Додевска, 6. Коловска (71` Боризоска), 7. Грозданова, 8. Величкова (80` Настова), 9. Митковска (71` Симјанова), 10. Галабовска, 15. Емини, 16. Панева (57` Ристевска), 17. Каралиоска (46` Попески);

Словенија со 2:0 славеше против Азербејџан на вториот меч од групата. Во второто коло од турнирот, Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Азербејџан. Натпреварот ќе се одигра на 28. ноември во 12:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













