Женската фудбалска репрезентација до 19 години триумфално го отвори настапот во квалификациите за Европското првенство.
На стартот на турнирот што се игра во Струмица, совладана е Грузија со 3:0.
“Со оглед на фактот дека ова ни беше прв натпревар на турнирот, тешко влеговме во него, но како одминуваше времето успеавме да наметнеме своја игра и она што претходно беше договорено девојките го исполнија и на крајот заслужено стигнавме до победата”, изјави селекторот Кирил Изов.
За нашите надежи нема многу време за одмор. Веќе в петок избраничките на Изов ги очекува новиот предизвик и соочувањето со Азербејџан.
“Наша цел на овој турнир е да се освои првото место што значи дека на секој натпревар одиме на победа. По дуелот со Грузија сега не очекува мечот против Азербејџан. Иако нашиот следен противник има статус на аутсајдер, мора да се потенцира дека во модерниот фудбал нема лесни натпревари. Секој противник си има своја тежина и квалитет. Имаме доволно време да ја анализираме играта на Азербејџан и верувам дека в петок повторно ќе радуваме на победа”, истакна предводникот на националниот тим.
Натпреварот со Азербејџан в петок почнува во 12 часот и ќе се одигра на стадионот Младост во Струмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













