Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 17. септември до 3. октомври.
Нашата репрезентација на овој турнир за пласман во елитната фаза квалификации ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Естонија, Украина и Молдавија.
„Ги започнавме подготовките и позитивна вест е тоа што ги имаме сите фудбалерки на располагање. Објективен проблем претставува фактот што во изминатиот период девојките имаат одиграно многу мал број на натпревари. Знаеме дека поради пандемијата, младинските лиги беа откажани, но сепак мора да се соочиме и со тој предизвик. Украина е носител во групата и апсолутен фаворит, шансата ќе ја бараме на дуелите со Естонија и Молдавија“, изјави Катерина Милевска, селектор на младинската женска селекција на Македонија.
Таа се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Мери Васева (Тиверија), Кристина Павловска (Деспина);
Одбрана: Елеонора Николовска (Каменица Саса), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Сара Мена (АС Јунајтед), Мирјана Ѓеровска (Љуботен), Ања Михајлова (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов 2015);
Среден ред: Миа Велинова (Интернационал), Матеа Блажевска (Скопје 2014), Ива Јосифова (Тиверија), Биљана Панеска (Тиверија), Теодора Далческа (АС Јунајтед), Викторија Стрика (Речица), Рона Рустеми (Шкендија), Михаела Настовска (Деспина);
Напад: Веса Села (АС Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина), Дева Величкова (Кул Здравје);
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski