
Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, се враќа во составот на Холандија за последните два натпревари на „лалињата“ во групната фаза на Лигата на нациите. Ова доаѓа по 433 дена, откако играчот на каталонскиот клуб се рехабилитираше од сериозна повреда, поради која го пропушти и ЕВРО 2024.
Селекторот Роналд Куман денеска ги објави повиканите играчи кои ќе се соочат со Унгарија на 16 ноември и Босна и Херцеговина три дена подоцна. Крилото на ПСВ Ајндховен, Ноа Ланг, и дефанзивецот на Ајакс, Девајн Ренш, исто така се враќаат во националниот тим.
Напаѓачот на Коринтијанс, Мемфис Депај, не е повикан во составот. Поради повреди, исто така, не се повикани Чави Симонс, Џои Ферман, Јерди Шаутен, како и Нејтан Аке, Јан Матсен и Гус Тил.
Холандија има само теоретски шанси за првото место во групата, бидејќи на фаворитот Германија му е потребен само еден бод за да го обезбеди. „Лалињата“ имаат ист број бодови со Унгарија и ќе се борат за второто место, кое носи право за пласман во четвртфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski