Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, ја сподели својата возбуда пред големото дерби во Ла Лига против Реал Мадрид. Каталонците во трката за титулата имаат девет бода предност пред ривалот.
„Од дете сонував да играм за Барса на „Ел Класико“. Реал Мадрид има многу квалитетни играчи кои се крајно опасни при контранапади. Ќе биде тешко да ги запреме, но ќе се обидеме“, прокоментира Де Јонг.
„Нашата цел е да победиме во натпреварот. Ова е најважниот натпревар не само за навивачите на Барса, туку и за нас играчите. Буквално горам од желба борбата да почне“, изјави Холанѓанецот.
Големото дерби на шпанскиот фудбал се игра утре, од 21 часот на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













