
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред, е изненадувачкото име на трансферните желби на Пари Сен Жермен, тврдат медиумите на Островот. Клубот од „Олд Трафорд“ штотуку ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Бразилецот за дополнителни 12 месеци, па тој е врзан за „црвените ѓаволи“ барем до крајот на сезоната 2023/24.
Во оваа ситуација, 20-кратниот шампион на Англија нема да се согласи да се раздели со Фред за помалку од 30 милиони фунти. Сепак, оваа сума никако не може да го запре обидот на Пари Сен Жермен.
Фред никогаш не стана важна фигура на „Олд Трафорд“, откако Манчестер Јунајтед му плати на Шахтјор Доњецк 54 милиони фунти за него во 2018 година. Тој се надеваше дека со доаѓањето на неговиот сонародник Кашемиро, двајцата ќе формираат тандем во средниот ред. Сепак, Ерик тен Хаг, сега муѕ верува на партнерството што го сочинуваат Кашемиро и Кристијан Ериксен.
30-годишниот Фред сигурно ќе се чувствува како дома во друштво на Нејмар и на Маркињос во ПСЖ, а Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со него за добра понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
