Connect with us

Французите со автогол ја победија Австрија (ВИДЕО)

Франција многу потешко од очекувањата успеа да слави триумф од 1-0 против Австрија. Селекцијата на Дидие Дешамп имаше неколку одлични шанси, но на крајот славеше со автоголот на Максимилијан Вебер во 38.минута.

Мбапе продре по десната страна, нафрли во шеснаесетникот, а Вебер во обид да расчисти ја за затресе сопствената мрежа.

Во вториот дел, Франција имаше колосални можности за втор гол преку Килијан Мбапе и Оливие Жиру, но првиот не реализираше сам пред голот, а вториот промаши цела топка по проигрувањето од Коло Муани.

Мбапе пред крајот беше заменет поради повреда на носот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови