Француската политичарка Валери Бојер побара на легендарниот напаѓач Карим Бензема да му се одземе француското државјанство и „Златната топка“ што ја освои минатата година. Таа тврди дека таков човек кој е поврзан со терористи не треба да има француски пасош.
Таа повика на итна реакција од државата Франција и славниот напаѓач од денеска да не биде дел од демократската заедница.
„Карим Бензема јавно ја поддржа Палестина, а министерот Џералд Дарманин потврди дека е поврзан со организацијата „Муслиманско братство“. Да ве потсетиме дека оваа организација е политичко-верско движење чија мисија е да воведува исламски закони низ светот. Тоа е движење кое сака да ги реши демократиите ширум светот“.
„Доколку зборовите на министерот се навистина вистинити, едноставно мора да се покренат санкции против Карим Бензема. Прво треба да му се одземе „Златната топка“, а потоа да му се одземе државјанството. Не можеме да прифатиме човек со двојно државјанство, кој е светски познат, да ја девалвира, па дури и да ја предаде нашата земја“, рече Бојер.
Муслиманското братство е организација која многумина ја сметаат за терористичка, па дури и Саудиска Арабија, каде Бензема моментно игра за Ал-Итихад.
Сигурно е интересно што и таа доаѓа од Северна Африка. Нејзините родители се родени во Алжир и Тунис за време на француската окупација на овие делови од светот.
Како политичарка, таа го привлече вниманието во 2008 година со бизарен предлог со кој екстремната диета ќе се смета за криминал. Предлогот бил лицето да се казни со две години затвор и 30.000 евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













