Connect with us

Франција, Италија и Хрватска немаа проблеми да стигнат до триумф (ВИДЕО)

Франција, Италија и Хрватска без поголеми проблеми ги потврдија фаворитските улоги во новото коло од квалификациите за Светското првенство.

Французите, предводени од Килијан Мбапе, во Вроцлав ја совладаа Украина со 0-2. Победата ја трасираа со гол во првото полувреме преку Олисе, а во вториот дел токму Мбапе ја запечати радоста на „триколорите“. Следната пречка за избраниците на Дешамп ќе биде Исланд, додека Украина ќе се обиде да се врати на вистинскиот пат во дуел со Азербејџан.

Италијанците, пак, понудија вистинска гол-шоу програма во Бергамо. Естонија ја напушти теренот поразена со убедливи 5-0, и тоа сите пет гола беа постигнати по паузата. Кин го отвори „сефот“ во 58. минута, а потоа следуваа погодоците на Ретегуи (двапати), Распадори и Бастони.

Хрватска, некогашниот светски вицешампион, не беше толку ефикасна, но повторно стигна до целта. Со голот на Крамариќ по половина час игра, „коцкестите“ ја совладаа селекцијата на Фарските Острови и ја запишаа третата победа во низа – 0-1.

Во останатите мечеви, Швајцарија лесно го совлада Косово со 4-0, Шведска и Словенија одиграа возбудливи 2-2, додека Данска и Шкотска ремизираа без голови. Грција ѝ приреди вистинска лекција на Белорусија (5-1), Чешка славеше на гостувањето кај Црна Гора (0-2), а Израел се врати дома со три бода од Молдавија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови