Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе продолжи да ја извршува функцијата до 2025 година. Тој и во наредните четири години ќе раководи со најтрофејниот европски клуб откако беше единствен кандидат за претседателската функција на клупските избори.
Имаше најави дека младиот шпански бизнисмен Енрике Рикелме ќе го предизвика Флорентино Перез на клупските избори во Реал Мадрид, но , сепак, на крајот се откажа од намерата.
Перез најави дека ова лето и покрај глобалната финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе купи две големи ѕвезди, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













