
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот (1-0) од Реал Сосиедад во Ла Лига. Натпреварот ќе се памети и по спорно поништениот гол на Роберт Левандовски на почетокот на мечот. Беше досуден многу мал офсајд на полскиот напаѓач, и според Флик, тоа било погрешна одлука на судијата, иако офсајдот беше досуден од полуавтоматскиот систем на стадионот.
„Му реков на судијата дека тоа е погрешна одлука. Знам дека вината не е негова. Не бев гневен, можеби малку. Ако голот беше признаен, можеше да го промени текот на натпреварот“, рече Флик.
„Сигурно не беше нашата најдобра изведба. Треба да го прифатиме овој резултат. Противникот играше решително, а ние немаме изговор за нашата игра. Не создадовме доволно шанси. На почетокот почнавме добро, но тогаш падна голот на противникот. Донесувавме погрешни одлуки во последната третина. Вината за поразот е само наша. Можевме да играме многу подобро. Добро игравме само во првите 15 минути. Ова е непријатен пораз, но досега имавме некои фантастични натпревари. Го ценам тоа што го направивме досега. Натпреварот го завршивме добро, но не успеавме да победиме бидејќи не бевме доволно силни“, додаде Германецот.
Тој зборуваше и за состојбата на Ламин Јамал, кој не настапи на натпреварот поради повреда, и не е јасно дали ќе може да игра и за националниот тим на следните натпревари.
„Тој е одличен играч и ни недостасуваше. Докторите ќе разговараат со федерацијата, но не можеше да игра. Сигурен сум дека федерацијата ќе донесе правилна одлука. Бев во оваа ситуација, па ќе го прифатиме секое решение“, заврши стручњакот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
