Connect with us

Фламенго го претстави Саул Нигез како ново засилување

Бразилскиот гигант Фламенго официјално го претстави поранешниот шпански репрезентативец Саул Нигез. Фудбалерот за врска потпиша договор до крајот на 2028 година.

30-годишниот играч од средниот ред пристигнува во тимот од Рио де Жанеиро како слободен играч од Атлетико Мадрид. Саул имаше договор уште една сезона со „јорганџиите“, но спогодбено го раскина. Претходно постигна договор со Трабзонспор, но во последен момент ја откажа зделката.

Саул е дете на Атлетико. Дебитираше за првиот тим во 2013 година. Беше позајмуван на Рајо Ваљекано, Челси и на Севилја.

Во исто време, Фламенго ќе се обиде да го „украде“ и десниот бек на Милан, Емерсон Ројал, од Бешикташ. „Црните орли“ веќе постигнаа договор со дефанзивецот, но вмешувањето на бразилскиот гигант ги промени неговите планови. Емерсон Ројал веќе дал согласност за трансфер во Фламенго, а денес се очекуваат преговори меѓу двата клуба за финализирање на зделката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови