
Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на ФК Скопје, доведе неколку квалитетни засилувања во пресрет на пролетниот дел од сезоната. „Пиратите“ ги вратија во своите редови некогашните играчи на клубот, Христијан Кировски, Иван Настевски, Дарио Десниќ. Нови членови на Скопје се и Михајло Јакимоски и Дејан Маркоски, а тренерот Љупчо Марковски ќе треба да ги вклопи во составот за вториот дел од шампионатот.
Од Скопје замина еден од носителите на играта, Изет Ајрулаху, кој се пресели во прволигашот Македонија Ѓорче Петров, но затоа искусниот Кировски ќе го засили нападот, а во офанзивната линија ќе биде и Настевски. Во сите линии ќе има освежувања, а „пиратите“ имаат седум бода предност во однос на конкурентите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal