Фиорентина официјално го претстави Един Џеко како ново засилување. 39-годишниот босански напаѓач пристигнува како слободен агент, откако му заврши договорот со турскиот Фенербахче, каде што настапуваше во последните две сезони. Поранешниот фудбалер на Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер потпиша договор на една година со можност за автоматско продолжување за уште 12 месеци, што значи дека потенцијално ќе може да игра во Серија А до 41-годишна возраст.
Според официјалното соопштение на клубот, продолжувањето на договорот ќе се активира автоматски следното лето, доколку се исполнат одредени услови.
Џеко досега има постигнато 107 голови и забележано 50 асистенции во Серија А, играјќи за Рома и за Интер. Минатата сезона за Фенербахче одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна 21 гол и запиша осум асистенции.
За неговиот потпис интерес покажуваше и Болоња, но Џеко на крајот се одлучи за трансфер во Фиорентина.
Edin Dzeko è Viola💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/4qzm9rEogn
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 10, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













