
Финалето од Купот на Македонија меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев ќе се игра на 22. мај на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 18:30 часот, информираат и официјално од Фудбалската федерација на Македонија.
Македонија ЃП по третпат ќе игра за титулата во Купот на Македонија. Академија Пандевќе дебитира во финален натпревар. Тимот од скопската населба Ѓорче Петров го освои трофејот во сезоната 2005/06 кога беше совладана Шкендија со 3-2. Три години подоцна Македонија ЃП загуби од Работнички со 2-0, а по една деценија ќе има нова шанса за освојување на пехарот од Купот на Македонија. Академија Пандев минатата сезона по изведување на пенали загуби од Пелистер во полуфиналето.
СИТЕ ДОСЕГАШНИ ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
1992/93 Вардар – Пелистер 1:0
1993/94 Силекс – Пелистер 1:1 (4:2) пенали
1994/95 Вардар – Силекс 2:1
1995/96 Слога Југомагнат – Вардар 0:0 (5:3) пенали
1996/97 Силекс – Слога Југомагнат 4:1
1997/98 Вардар – Слога Југомагнат 2:0
1998/99 Вардар – Слога Југомагнат 2:0
1999/00 Слога Југомагнат – Победа 6:0
2000/01 Пелистер – Слога Југомагнат 2:1
2001/02 Победа – Цементарница 3:1
2002/03 Цементарница – Слога Југомагнат 4:4 (3:2) пенали
2003/04 Слога Југомагнат – Напредок 1:0
2004/05 Башкими – Маџари Солидарност 2:1
2005/06 Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 3:2
2006/07 Вардар – Победа 2:1
2007/08 Работнички Кометал – Милано 2:1
2008/09 Работнички – Македонија Ѓорче Петров 1:1 (6:5) пенали
2009/10 Тетекс – Работнички 3:2
2010/11 Металург – Тетекс 2:0
2011/12 Ренова – Работнички 3:1
2012/13 Тетекс – Шкендија 1:1 (6:5) пенали
2013/14 Работнички – Металург 2:0
2014/15 Работнички – Тетекс 2:1
2015/16 Шкендија – Работнички 2:0
2016/17 Пелистер – Шкендија 0:0 (4:3) пенали
2017/18 Шкендија – Пелистер 3:0
2018/19 Македонија ЃП – Академија Пандев

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
