
ФИФА тестира ново правило. Тоа е полуавтоматизиранo судење на офсајд позиција. Премиерно ќе биде употребено на Арапскиот куп кој се игра во ноември и декември.
Јохан Холцмулер е одговорен за технологија во ФИФА. Тој објасни за што се работи.
„Камерите ќе бидат поставени под покривите на секој стадион. Тие ќе обработуваат слики од снимката во дел од секундата и ќе ја испратат во просторија со оператори кои ќе ја пресметаат задната линија и ќе го утврдат точниот момент кога топката се упатила кон играчот. Ќе може да се види речиси се во реално време“.
Конечната одлука на крајот ја носи судијата на натпреварот.
„Операторите веднаш ќе го испратат решението во просторијата за ВАР. На Арапскиот куп на ФИФА, во ВАР – собата ќе можат веднаш да ги видат тие информации и да му потврдат на судијата дали имало офсајд или не“, изјави Холцмулер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
