
ФИФА ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство. Oд 2026 година на Мундијалот ќе учествуваат 48 репрезентации наместо досегашните 32.
Во првото коло ќе има 12 групи по четири селекции, а првите две места од секоја група и и осумте најдобри третопласираните селекции од групите ќе напредуваат понатаму. Тоа ќе значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари.
Така, ФИФА ќе добие уште 40 натпревари во своето најголемо натпреварување. Досега се играа 64 натпревари во формат со 32 репрезентации.
Постоеше и можност сите репрезентации да бидат поделени во групи од по три селекции, но таа идеја сепак е отфрлена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
