
ФИФА не го одобри барањето на данската фудбалска репрезентација да тренира во дресови со пораки за почитување на човековите права на Светското првенство во Катар. Данците сакаа фудбалерите во Катар да тренираат во дресови на кои пишува „Човекови права за сите“.
„Испративме барање до ФИФА, но одговорот беше негативен. Жалиме, но мораме да го земеме предвид“, изјави за данските медиуми генералниот секретар на федерацијата, Јакоб Јенсен.
ДБУ не се согласува дека тоа е политичка порака, но нагласи дека ќе ја почитува одлуката на ФИФА.
Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември, а Данска ќе игра во групата Д со Франција, Австралија и со Тунис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
