
Хосеп Гвардиола, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети се тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата на ФИФА во категоријата најдобар тренер. Наградата ќе му биде врачена на најдобриот и најуспешен стратег во периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година, а победникот ќе биде прогласен на церемонија во Лондон, која ќе се одржи на 15 јануари 2024 година.
Првичната листа беше од пет кандидати, но Анге Постекоглу и Чави Хернандез отпаднаа од неа, оставајќи ги тројцата споменати финалисти.
Гвардиола стана првиот менаџер кој освоил две големи тројни круни, откако минатата сезона Манчестер Сити конечно стигна до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, трета година по ред ја крена титулата во Премиер – лигата и го подигна ФА Купот. Пеп имаше слично достигнување со Барселона во 2009 година. На крајот на август се очекуваше Гвардиола да биде избран за најдобар тренер во изминатата сезона од УЕФА.
Симоне Инзаги го предводеше Интер до нивното прво финале во Лигата на шампионите по 13 години, а „нероаѕурите“ исто така го подигнаа Купот на Италија и Суперкупот.
Лучијано Спалети со Наполи ја освои титулата во Серија А, која навивачите на тимот ја чекаа цели 33 години. Поради ова достигнување не беше прогласен за тренер на годината во италијанскиот шампионат. Во август стана селектор на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
