Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок донесе предлог одлуки за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Прва МФЛ која беше прекината во март поради епидемијата COVID-19, со тоа што, како и што се очекуваше, донесе одлука финишот од сезоната да се доигра со плеј-оф и плеј-аут БЕЗ ИСПАЃАЊЕ од лигата.
Согласно последната одлука јасно е дека следната сезона Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2020/2021 ќе брои 12 екипи.
СООПШТЕНИЕТО ОД КОМИСИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
По двата состаноци во „Ќука на фудбалот“ со претставници на клубовите од Прва МФЛ и имајќи ја в предвид епидемиолошката ситуација во државата, одобрувањето за продолжување на натпреварувањето, Комисјата за натпреварување го донесе по препорака и на Институтот за јавно здравје, чии претставници го потврдија здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи од Прва МФЛ на тренинзите и натпреварите со целосна одговорност, враќањето на теренитe да биде максимално сигурно за сите учесници.
Како резултат на неизвесноста која во македонскиот фудбал ја донесе здравствената криза предизвикана од пандемијата COVID-19, во изминатиот период Фудбалската федерација на Македонија имаше цел да направи се што може успешно да се заврши натпреварувањето во Прва МФЛ, пред сѐ од спортски причини, но и затоа што на овој начин праќаме порака со охрабрување до фудбалското семејство – враќањето на фудбалот сигурно е одличен знак дека продолжуваме со секојдневните задачи и обврски, но исто така праќаме силна порака и до УЕФА дека сме успеале да ја избегнеме „црната фудбалска зона“ во која влегоа само неколку држави кои решија да ја прекинат фудбалската сезона, а речиси сите држави од нашиот регион според своите услови ги продолжуваат националните првенства.
Натпреварувачката комисија во ФФМ, заедно со раководството на федерацијата, одговорно и транспарентно, почитувајќи ги препораките на претставниците на клубовите предложи три можни сценарија за завршување на сезоната и донесе одлука првенството да се доигра во скратен систем, односно по предлогот кој беше најприфатлив за повеќето од клубовите во Прва МФЛ.
– Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
Комисијата за натпреварување во ФФМ ќе предложи продолжување на првенството во термин од 14. до 21. јуни, а за предложените датуми ќе се информираат и во координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19.
Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите.
Исто така, фудбалерите, стручните штабови и сите други лица вклучени во тимовите, како и официјалните лица на натпреварите се обврзани да го почитуваат здравствениот протокол за одигрување на натпревари.
Екипите од Втора МФЛ нема да го продолжат натпреварувањето од сезоната 2019/2020, а Комисијата за натпреварување препорачува истото да го следат и тимовите од Трета МФЛ, како и останатите пониски лиги.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski