
Фудбалската федерација на Косово поднела жалба до ФИФА поради навредите од селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, како и расистичките испади на навивачите на Србија во натпреварот од третото коло во групата Г на Мундијалот во Катар против Швајцарија.
„ФФК поднесе жалба до ФИФА со неопходните докази. ФФК бара од ФИФА истрага по повод овој случај, и бара Фудбалската федерација на Србија да биде суспендирана, за еднаш засекогаш да бидат исфрлени вакви скандирања од фудбалските стадиони и случувања какво што е Мундијалот“, се наведува во соопштението.
ФФК неодамна поднесе жалба и до ФИФА поради знамето во соблекувалната на репрезентацијата на која стои картата на Косово и на него натпис „нема предавање“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
