Connect with us

Фановите на Баерн Минхен ја нападнаа управата на клубот

Баерн Минхен во два меча беше поразен од Манчестер Сити со вкупни 4-1 за „граѓаните“, па Баварците во четвртфиналето го завршија учеството во елитното натпреварување.


Тоа што најмногу ги боли навивачите не е поразот од Манчестер Сити.

Ја напаѓаат управата на клубот, сметаат дека клупската политика е голем проблем, а поставија и сериозен транспарент зад голот кој стоеше во голем дел од второто полувреме.

„Головите може да отсуствуваат, но вредноста на клубот не! Каква е политиката на управата?“, прашаа навивачите на Баерн.

Очигледно се незадоволни од целата сезона, а новиот тренер Томас Тухел победи само на два од првите шест меча на клупата на Баварците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови