Connect with us

ФА на Англија ќе отпочне истрага против Ерлинг Халанд?

Англиската фудбалска асоцијација може да покрене истрага и да ја казни ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пренесуваат британските медиуми.


Причина е невоздржаната реакција на Норвежанецот кон судијата Сајмон Хупер за време и по вчерашното дерби со Тотенхем кое заврши 3-3. Норвежанецот беше лут на одлуката на судијата во последните секунди од мечот, кога не даде предност за фаул против Халанд и го прекина мечот, а неколку секунди претходно стрелецот на Сити го доведе Џек Грилиш во чиста позиција, еден на еден со противничкиот голман.

Интересно, Хупер првично мавташе и дозволи играта да продолжи, но потоа се предомисли и го означи фаулот, што ги налути играчите на Манчестер Сити, кои бесно го опколија и бурно протестираа.

Ерлинг Халанд по натпреварот ја објави ситуацијата на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), пишувајќи „Wtf“.

Сето ова може да доведе до истрага и можна казна за Норвежанецот за употреба на непристоен јазик и недолично однесување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови