
Реал Мадрид планира да го комплетира трансферот на Килијан Мбапе во следните две недели. Според „ЕСПН“, „кралевите“ сакаат да ја завршат трансфер зделката на напаѓачот пред почетокот на Ла Лига и се свесни дека ќе треба да потрошат минимум 200 милиони евра.
Планот е Мбапе да потпише договор со Реал до 2029. Договорот на Џуд Белингем кој беше доведен летово е со исто времетраење. Заедно со Винисиус Жуниор важат за најважните играчи на тимот во идниот проект.
Покрај тоа, трансферот на Мбапе се смета за клучен од спортски аспект, бидејќи Карло Анчелоти сега има само еден класичен напаѓач, Хоселу.
Реал Мадрид сака да договори трансфер што е можно побрзо бидејќи верува дека за една година, кога Мбапе ќе стане слободен играч, неколку клубови од Премиер – лигата ќе му понудат подобри лични услови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
