
Шкендија е нов шампион на Македонија. Тимот на Ернест Ѓока го покажа квалитетот, им побегна многу на ривалите, а единствено Шкупи се обиде да парира, но на крајот остана далеку зад тетовскиот клуб.
Шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока е задоволен од реализираното, вели дека е исполнета целта која ја имале пред почетокот на сезоната.
„Ова се среќни моменти за нас, затоа што освојувањето на шампионската титула е плод на добрата работа, на тренерот, на тимот, на фудбалерите. Работевме цела година напорно за конечно да стигнеме и да завршиме со трофејот во раце. Среќен сум за себе, за мојот тим, бидејќи ја реализиравме целта. Сега ни преостануваат уште четири кола, да играме за честа и да бидеме коректни во продолжението од шампионатот. Знаеме што сторивме, во оваа тешка година мислам дека извлековме максимум. „Балистите“ нè пречекаа надвор, ни создадоа убава атмосфера и ова се моменти во кои треба да уживаме“, изјави Ернест Ѓока по освојувањето на шампионската титула.
Шкендија в среда му гостува на Работнички во 30.коло од Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
