Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација Хоакин Капарос го објави списокот на фудбалери за натпреварот со Македонија на стартот од Лигата Ц во УЕФА Лигата на нациите, кој на 5. септември се игра на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.
Ерменците во Скопје доаѓаат без својата прва ѕвезда, Хенрик Миктаријан кој побарал да биде ослободен од репрезентативните обврски за да го реши својот тимски статус. На списокот на Капарос, пак, се двајцата поранешни „вардарци“, Хофханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски утре ќе го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на нации.
СПИСОКОТ НА ЕРМЕНИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО МАКЕДОНИЈА:
Голмани: Давид Јурченко, Анатоли Ајвазов, Арсен Беларијан
Одбрана: Хофханес Хамбарџумјан, Камо Хофханисијан, Арман Хофханисијан, Вараздат Харојан, Андре Калисир, Сероб Григоријан, Тарон Восканијан.
Среден ред: Едгар Бабајан, Аршак Коријан, Корен Бајрамијан, Тигран Барсегјан, Вахан Бичакчијан, Артак Григоријан, Ангуло Вбеимар, Артур Григоријан, Соломо Удо.
Напад: Александре Карапетијан, Норберто Бриаско Балекиа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













