Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, одлучи да испрати дополнителен повик за Енур Тотре и за Дориан Бабунски за собирот на националниот тим во пресрет на последните два натпревари од квалификациите за СП во Катар 2022. Тотре треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, додека Бабунски ќе биде дел од навалната линија откако стана јасно дека Адис Јаховиќ поради повреда нема да може да одговори на повикот.

Тотре имаше повик и од поранешниот селектор Игор Ангеловски пред дуелот со Ерменија на Кипар во Лигата на нации, додека Дориан Бабунски ќе биде нов дебитант во А-репрезентацијата.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат натпревари против Ерменија на гости и против Исланд на домашен терен во последната сесија од квалификациите за Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













