
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок ја пречекува Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во квалификациите за ЕВРО 2024.
Дебитантот Сефер Емини се надева дека можеме да оствариме триумф против Украинците.
„Чест е да се биде овде, се трудам да го дадам максимум на секој тренинг. Репрезентацијата е таква што секој треба да даде се од себе. Сите мораме да бидеме подготвени и да ја чекаме одлуката на селекторот. Пред се мора да се фокусираме на натпреварот против Украина, а дури потоа да размислуваме за Англија. Позитивен резултат на првиот меч ќе донесе повеќе верба и самодоверба пред патувањето во Манчестер. Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар и да се победи, но фудбалот е непредвидлив. Ако не сте 200 проценти сконцентрирани, секој може да ви ги расипе плановите“, истакна Емини.
Три дена по дуелот со Украина, македонските репрезентативци ќе играат против Англија на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
