
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за последните два натпревари од квалификациите за СП 2022. „Црвено-жолтите“ на 11 ноември ќе гостуваат во Ереван и ќе имаат дуел против Ерменија, а потоа следи и мечот против Исланд во Скопје.
Елиф Елмас игра одлично во дресот на Наполи во Серија А оваа сезона, ќе се обиде тоа да го пренесе и на настапите со националниот тим.
„Се подготвуваме одлично, има фудбалери што недостигаат, но тоа не е изговор. Одиме во Ерменија да победиме. Имаме мали шанси и за бараж, иако не зависи се од нас. Сепак, до крај ќе се бориме за таа шанса. Не очекува борба, мора да сме мудри и искусни. Мора да покажеме жар на терен за да победиме. Ништо не се знае во фудбалот, може Романија да направи грешка и ние треба да ја искористиме. На последните натпревари покажавме дека можеме да играме со сите репрезентации, одиме да покажеме дека го сакаме тоа второ место повеќе од ривалите“, изјави Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
