
Елче на три минути пред крајниот рок испрати официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација за натпреватот против Барселона, објавија шпанските медиуми. Според домаќините, во поразот од 0-4, Каталонците имаше на теренот неправилно регистриран играч.
Тоа е Гави, на кого неколку дена претходно конечно му беше одбиена регистрацијата во Ла Лига како првотимец на Барселона. Од Елче се повикуваат на член 141 од правилникот на Фудбалска федерација на Шпанија, според кој „фудбалерите на кои им е одбиена регистрацијата не можат да играат повеќе за дотичниот тим во текот на истата сезона“.
Гави одигра 68 минути во саботниот меч меѓу двата тима, забележувајќи асистенција за третиот гол на својата екипа, а исто така доби и жолт картон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
