
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација, Фабио Коентрао, е уапсен поради нелегално одгледување на ракови, објавуваат португалските медиуми. Наводно, Коентрао одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози и ракчиња, без потребната дозвола. Пред три години тој ја заврши својата фудбалска кариера и се посвети на рибарството.
„Мојот татко отсекогаш имаше брод, тој секогаш беше во оваа работа. Од таму доаѓаат моите корени. Често одевме заедно, ја засакав таа работа. Секогаш кога имав слободно време, кога бев на одмор, бев на море. Знаев дека еден ден, кога ќе се збогувам со фудбалот, ќе го насочам животот во тој правец. На морето се чувствувам среќен, сакам да живеам таков живот. Многумина мислат дека ова е срамна работа, но не е така. Ова е работа како секоја друга и треба да се почитува. Покрај тоа, морето е прекрасно и треба да го негуваме“, изјави Португалецот.
Коентрао освои две титули во Лигата на шампионите и две во шпанското првенство со Реал Мадрид. Тој подигна трофеи и како играч на Бенфика и на Спортинг. Поранешниот лев бек на Реал одигра 106 натпревари за „кралскиот клуб“.
Во периодот од 2011 до 2017 година, постигна еден гол и асистираше за 11 гола, пред да биде испратен на позајмица во Спортинг. Една сезона во истиот период помина и во Монако. За португалската репрезентација има 52 настапи и пет постигнати голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпишува за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
