 
																												
														
														
													Босанскиот интернационалец Един Џеко по завршувањето на сезоната во Серија А и дефинитивно ќе ја напушти Рома. Но, тој би можел да остане во италијанското Калчо и да потпише едногодишен договор со Интер, тврди „Газета“.
Џеко имаше несогласувања со тренерот на римскиот тим Пауло Фонсека, а откако ги надмина не е така незаменлив во дресот на Рома. Иако има уште една година од договорот, тој најверојатно ќе замине со спогодбен раскин и како слободен агент би можел да му се приклучи на Интер. Рома ќе спаси 7,5 милиони евра колку што изнесува годишната плата на Един Џеко, а тој би заминал во Милано на покана од Антонио Конте.
Покрај Интер, Един Џеко е цел и на турските гиганти Галатасарај и Фенербахче, а има понуди и од Блискиот Исток.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														