 
																												
														
														
													Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој моментално е слободен играч и има 36 години, е на чекор до ангажман во шпанската Ла Лига. Според информациите на српскиот весник „Телеграф“, искусниот офанзивец наскоро ќе стане нов член на Атлетико Мадрид.
Тадиќ се очекува во Шпанија да пристигне во вторник, каде што треба да ги финализира деталите со клубот, по што се очекува и официјално да стави потпис на договорот со „јорганџиите“.
Во последната сезона, Тадиќ настапуваше за турскиот гигант Фенербахче, но неговиот договор истече. Иако имаше интерес од српските клубови Црвена звезда и Војводина, како и од Парма, клубови од Русија и САД, желбата на поранешниот капитен на Ајакс била јасна – да ја продолжи кариерата во странство на највисоко ниво.
Трансферот во Атлетико ќе претставува нов предизвик за српскиот ас, кој зад себе има богата кариера исполнета со успеси и лидерски улоги во секој клуб каде што настапувал.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														