
Mакедонската фудбалска лига се враќа во фокусот по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи. Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро, вели дека за неговиот тим паузата беше добредојдена, а фудбалерите можеа подолг период да работат под негови методи.
„Оваа пауза беше добредојдена, ја искористивме во сите аспекти на работата со тимот и тренажниот процес, но истовремено имавме и пријателски натпревар како контрола. Тимот работеше исклучително добро, имавме и пријателски натпревар против Караорман. На тој дуел тестиравме и некои играчи кои немаат доволна минутажа во првенството“, вели Шпетим Дуро.
Стружани в недела ги очекува дуел со Академија Пандев.
„Секој натпревар е тежок затоа што имаме одговорност за остварување на зацртаните цели, особено кога се соочувате со многу сериозен тим како Академија Пандев кој имаше и одличен натпревар против актуелниот шампион Шкупи. Сепак, верувам дека со вистински тимски пристап можеме да дојдеме до позитивен резултат“, потенцира тренерот на Струга ТЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
