
Есенскиот првак Струга Трим Лум донесе одлука за промена на тренерската позиција по двете ремија на стартот од пролетта. Срѓан Захариевски неочекувано доби отказ, а нов шеф на стручниот штаб е Шпетим Дуро, поранешниот тренер на Шкендија.
Тој веќе почна со работа со стружани.
„Можеби не очекував ваков повик, но по разделбата со поранешниот тренер, се сретнавме со раководството на Струга ТЛ и брзо се договоривме“, вели Дуро.
Тој познава поголем дел од фудбалерите во тимот, а има добра претстава и за квалитетот на македонскиот фудбал во целина.
„Веројатно една од главните причини и елементи што ја прифатив оваа понуда, имав постојан контакт, бидејќи многу играчи кои ги има Струга Трим Лум денес, ги насочив во разни екипи, како Шкендија, Партизани Тирана, Кукс. Играчите со кои имам соработувано се многу, Бесарт Ибраими, Буњо Шабани, Марјан Радески, Бесмир Бојку, Едис Малиќи, има многу фудбалери, но и останатите фудбалери ги познавам бидејќи двапати сум бил тренер во Шкендија. Ние сме тим кој моментно е лидер на табелата и ќе се бориме на два фронта, и за титулата, но во исто време и за трофејот во Купот на Македонија“, истакна Шпетим Дуро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
