Во Борусија Дортмунд се категорични околу можната продажбата на Ерлинг Халанд, тврди агентот на фудбалерот, Мино Раиола. Тие не сакаат да го продадат ова лето и покрај тоа што е еден од најбараните фудбалери во светскиот фудбал.
„Бев во Дортмунд да разговарам околу Халанд. Цорк јасно стави до знаење дека Борусија нема да го продаде Ерлинг. Ја почитувам одлуката, но не значи дека се согласувам. Нема војна меѓу мене и Борусија”, изјави Раиола.
За Норвежанецот се интересираат сите најголеми европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Манчестер Сити…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













