
Пари Сен Жермен обезбеди предност од 1-0 против Реал Мадрид по првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Херој на мечот беше Килијан Мбапе кој со неверојатен соло продор ги надмудри Лукас Васкез и Едер Милитао и го совлада Тибо Куртоа. И тоа во последните мигови од судиското продолжение.
Џанлуиџи Донарума беше воодушевен од изданието на Мбапе.
„Килијан Мбапе… мама миа. Тој е вонземјанин! Едноставно е неверојатен. Секогаш е шоу со Килијан било на теренот или надвор од него. Мбапе ќе одлучи сам за неговата иднина, дали сака да остане во Париз или не. Ние уживаме со него секој ден“, изјави Донарума.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal