Connect with us

Донарума го напушта Париз?

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ, пренесуваат медиумите на Апенините. Голманот е несреќен во Париз и стравува од нови напади откако разбојници упаднаа во неговиот дом.


Донарума и неговата партнерка биле врзани и соблечени голи, а украдени им се скапоцени предмети и пари во вкупен износ од околу 500.000 евра.


Одличниот чувар на мрежата наводно поднел барање за трансфер до ПСЖ, а најголем интерес покажува Јувентус.

Донарума пристигна во ПСЖ пред две години откако му истече договорот со Милан каде ја започна играчката кариера. Сега сака да се врати во Италија и да го напушти клубот од Париз со кој има договор до летото 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови