Силекс го победи Шкупи со 0-2 и се искачи на првата позиција на табелата заедно со Гостивар. Дарко Додев беше двоен стрелец за Силекс на Чаир, додека Елвис Машике му донесе триумф на Гостивар.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар не загуби од Воска на гости во Охрид, одигра 0-0, но повторно е во опасната зона на табелата. Новиот тренер Гоце Седлоски во минатото коло успеа да го победи Шкупи, а сега ремизираше во Охрид.
Шампионот Струга Трим Лум гостуваше кај Брера во Струмица и одигра 1-1. Тодоровски во 59.минута донесе предност за Брера, но само една минута подоцна израмни Укпа.

Гостивар на стадионот „Борис Трајковски“ го пречека Тиквеш и успеа да ги освои трите бода со триумф од 1-0. Стрелаше Машике во 84.минута.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ беше домаќин на Беса и славеше со 4-1. Двоен стрелец беше Али Регба, а претходно погодија Рашид Содик и Гандо Бијала. Беса поведе, но на крајот беше убедливо поразена.
Од 17 часот се игра последниот натпревар од 15.коло меѓу Пелистер и Шкендија во Битола.
ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕРА – СТРУГА ТЛ 1-1
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР 0-0
РАБОТНИЧКИ – БЕСА 4-1
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 1-0
ШКУПИ – СИЛЕКС 0-2
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (17 часот)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













