
Македонскиот прволигаш Пелистер минатата сезона со одличен фотофиниш во првенството обезбеди опстанок, но уште оттогаш се насетуваше дека финансиските проблеми сериозно го нагризуваат ткивото на клубот од „Тумбе кафе“. Неколку месеци трае потрагата по сериозен инвеститор, а кога се појави британската компанија чиј промотор е Артим Шаќири, која сака да преземе 75% од акциите на ФК Пелистер, сите мислеа дека работата брзо ќе биде завршена.
Но, и по две седници на Советот на општина Битола, нема промени во структурата, освен препораката дека сегашниот сопственик на мнозинскиот пакет акции, Пеце Стојчевски, ќе може на берза да го продаде својот удел. Нешто слично се случи и со Борец минатата зима, кога Кочо Анѓушев со компанијата „Брако“ излезе од раководната структура на Борец.
Со секое одолговлекување, пати фудбалскиот проект на Пелистер. Тимот речиси комплетно е заминат, фудбалерите не можеа да чекаат разрешница на неизвесната ситуација и побараа други фудбалски средини. Тренерот Димитар Капинковски има на располагање мал фонд на фудбалери кои треба да бидат надополнети со млади играчи од академијата, но тоа не е проект што ветува премногу и секако е изнудено решение секогаш кога недостигаат финансии. Сите прволигашки клубови веќе „газат“ во третата седмица од подготовките, а Пелистер се уште нема ниту нов сопственик, ниту тим, ниту официјално ги започнал подготовките…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
