Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се врати на тренинзите на тимот. Тој и понатаму е под знак прашалник за утрешниот натпревар против Кристал Палас, откри тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.
„Работите изгледаат добро со Алисон, но не знам дали е доволно добар за утре да настапи. Морам да разговарам со тренерите, медицинскиот штаб и со него, секако“, изјави германскиот страгег.
Голманот на Ливерпул ја заработи повредата на ремито (1-1) против Манчестер Сити.
Ситуацијата околу светскиот шампион со Аргентина, Алексис Мекалистер, не е толку добра. Тој сигурно нема да учествува на средбата со Кристал Палас, а неизвесно е дали ќе игра до крајот на календарската година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













