
Добри вести за Манчестер Сити. Рајан Шерки е блиску до враќање на теренот по повредата која го извади од строј кон крајот на август. Францускиот репрезентативец пропушти пет натпревари поради проблем со задната ложа, но веќе ја заврши рехабилитацијата и постепено се приклучува на тренинзите.
Според информациите на „Л’Екип“, Шерки може да биде во составот на Пеп Гвардиола веќе за следниот меч во Лигата на шампионите против Монако или за дуелот од Премиер – лигата против Брентфорд.
22-годишниот офанзивец започна одлично сезона, постигнувајќи гол во дебито против Вулверхемптон и блескајќи на Светското клупско првенство на ФИФА. Повредата дојде во незгоден момент, но неговото враќање порано од очекуваното е огромен плус за „граѓаните“.
Со својата креативност и техничка умешност, Шерки може значително да ја збогати играта на Сити и да стане клучен адут за остатокот од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби

Млади репрезентации
Македонија У-15 и вторпат го победи Косово
