Connect with us

Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Чаби Алонсо може да биде спокоен – повредата на првиот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не е сериозна, и Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар.

Ѕвездата на „кралскиот клуб“ почувствува болка во зглобот и мораше да го напушти теренот во завршницата од дуелот Франција – Азербејџан во квалификациите за Светското првенство. Сепак, лекарските прегледи покажаа дека нема причина за загриженост и дека проблемот е минлив.

Мбапе веќе имаше слични тегоби на натпреварот со Виљареал, кога постигна гол, но беше заменет во финишот на мечот. Пред да се повреди против Азербејџан, Французинот го постигна првиот погодок за својата репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови