Connect with us

ДНЕВНИКОТ НА СЕЛЕКТОРОТ: Касата на Елмас, децибелите во соблекувална и виолетовиот тим

09.06.2021
Чат групата е полна со прашања и слики…Пишува Елиф, прашува што да се купи со парите собрани од казни. Дава предлог тоа да биде голем безжичен звучник. Идејата е одобрена молскавично. Опааа!!!… Изгледа ќе појачаме децибели во соблекувална.


Собирот во Скопје ем што беше подолг од вообичаено имаше и одлична наплата на казни, подобра и од УЈП. Каса и одговорно лице Елиф. Закасниш ли минута на вечера или ручек – илјадарка не ти бега. Ако ти направат повеќе од 25 подавања во шева, парот во средина си плаќа, за урок…кој не брка, си брка во џебот.. Дисциплината е важна, наплатата уште поважна… Така е редот.

Букурешт не разбуди со бучава од булеварите, насекаде сирени и утрински шпиц. Времето е измислено за прошетка и кафе. Но, строгите правила ни даваат опсег од еден спрат, 2 лифта и еден хотелски ресторан… Ристе Јанков е во паника… Според Ковид – протоколот нема да може да се користи основниот фитнес заради присуство на други лица… Мора да се задоволиме со импровизирана теретана. Но, за Ристе теретаната е од обредно значење и тука нема импровизации.

Доручек и сликање за УЕФА во опремата за играње…Малку пинг понг, плејстејшн и кафе, разговори околу тренингот….После ручекот со Роби, задолжен за обезбедување и д-р Невзат, одговорен за Ковид – протоколите се упатуваме во инспекција на ботаничката градина во Букурешт… Единствено место од затворен тип кое што домаќините го предложија како можност за прошетки според Ковид – протоколите…

Се уклучуваат сирените на возилата на џандармеријата и двата наши автобуси се упатуваат кон стадионот на Стеауа.. Тренингот на крајот се заостри, 3 групи, во едната Мрме, 8 на 8, турнирски, емоциите се затегнаа, беше фаул, не беше, Нестор седнат на боксовите за вода суди во Колина елемент, а Мичка му помага… Конечно, го имаме победникот…Виолетовиот тим.
Назад во хотел вечера и едукација од страна на инструктори од УЕФА за и околу правилата на игра и употребата на ВАР… Сите со подарок топка од Чеферин ја напуштаат салата за состаноци… Физио собата ќе биде главно свратилиште… ќе се анализира кој на кого не му подаде…


продолжува

Advertisement

Facebook

Тимови