
Шкендија гостува на „Автокоманда“ на дуел против ФК Скопје во последниот меч од 24.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Тетово посакува три бода со кои ќе ги одржи шансите во трката за титулата. Лидерот Струга ТЛ победи, но Шкупи повторно ремизираше, а тоа е шанса за Шкендија да се доближи.
Бруно Дита смета дека Шкендија е подобар тим, но тоа треба да го покаже со добра игра на денешниот меч.
„Шкендија ги посакува трите бода од овој натпревар. ФК Скопје е последен на табелата и грчевито се бори за опстанок, па затоа ќе треба да бидеме максимално фокусирани. Нема да биде лесно, ќе треба да покажеме голема желба и да одиграме според планот на тренерот Ќатип Османи. Верувам дека ќе успееме да ја реализираме целта“, изјави Бруно Дита, во пресрет на дуелот.
ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 1-1
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-5
ДЕНЕСКА: ФК СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal