Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски, во друштво на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, направи увид во спроведената реконструкција на Градскиот стадион во Велес. Тоа е еден од проектите во програмата на Агенцијата за млади и спорт, чија реконструкција чинеше околу 200.000 евра денари, а со тоа градот Велес доби современ фудбалски стадион кој ги исполнува условите од втората категорија на УЕФА, со капацитет наменет за 4000 гледачи.
Директорот Наумче Мојсовски изјави дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура во Велес, притоа најавувајќи ја инвестицијата за изградба на затворен пливачки базен како и спортска сала во Велес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













